„Исчезната“ сама демантирала лажна вест на социјалните мрежи

Откако вчера на интернет страницата „najdime.org.mk“ беше објавено дека исчезнате е 35-годишна жена се јави наводно исчезнатата“ со демант доцна синоќа.



„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.

Претходно од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.