Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за американската телевизиска станица Си-Би-Ес изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор за Украина, но сака само да „корегира“ некои детали од него.
Лавров го нарече Доналд Трамп „единствениот лидер на Земјата“ кој, како и Москва, верува дека причина за војната е приближувањето на Украина кон НАТО.
„Претседателот на Соединетите Американски Држави верува – и мислам дека со право верува – дека се движиме во вистинската насока“, рече Лавров.
„Во изјавата на претседателот се споменува договор и ние сме подготвени да постигнеме договор, но сè уште има одредени точки, елементи од овој договор што треба да се разјаснат и ние сме вклучени во овој процес.“
„Продолжуваме со нашите контакти со американската страна за ситуацијата во Украина, има неколку знаци дека се движиме во вистинската насока“, рече Лавров.
„Пред сè, бидејќи претседателот Трамп е можеби единствениот лидер на Земјата кој ја препознава потребата од решавање на основните причини за оваа ситуација, тој рече дека е огромна грешка да се внесе Украина во НАТО и тоа е грешка на администрацијата на Бајден и тој сака да ја исправи“.






