Повеќе од дваесет светски лидери ќе присуствуваат на воена парада во Москва на 9 мај, со која ќе се одбележи крајот на Втората светска војна во Европа во 1945 година, изјави неделава портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Бројот на странски лидери кои учествуваат на прославите на Денот на победата значително се намали по нелегалната анексија на украинскиот Кримски полуостров во 2014 година.
Во 2022 година, нешто повеќе од два месеци откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, ниту еден странски лидер не дојде на прославата во Москва.
Индекс.хр ја објави листата на лидери кои ќе присуствуваат на парадата во Москва.
Од Европа во Москва ќе одат Александар Вучиќ – претседател на Србија, Роберт Фицо – премиер на Словачка и Милорад Додик – претседател на Република Српска.
Од Азија присуство најавија Илхам Алиев – претседател на Азербејџан и Никол Пашинјан – премиер на Ерменија
Си Џинпинг – претседател на Кина, како и Ким Џонг-ун – лидер на Северна Кореја
Се очекува присуство на Нарендра Моди – премиер на Индија
Понатаму, Касим-Жомарт Токаев – претседател на Казахстан
Шавкат Мирзијоев – претседател на Узбекистан
Емомали Рахмон – претседател на Таџикистан
Садир Жапаров – претседател на Киргистан
Сердар Бердимухамедов – претседател на Туркменистан
Тонглун Сисулит – претседател на Лаос
До Лам – претседател на Виетнам
Од Блискиот Исток присуство најави Махмуд Абас – претседател на Палестина
Од Африка присутни ќе бидат
Умаро Сисоко Ембало – претседател на Гвинеја-Бисао, Ибрахим Траоре – претседател на Буркина Фасо
Од Јужна Америка и Карибите
Луис Инасио Лула да Силва – претседател на Бразил
Николас Мадуро – претседател на Венецуела
Мигел Дијаз-Канел – претседател на Куба
ЕК: Прославата на Денот на победата во Москва е руската пропаганда






