МВР соопшти дека по објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” возачот бил казнет.
„Ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.
Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, соопштија од МВР.
Граѓани на социјалните мрежи споделуваа дека на патеката за пешаци се движело лице во инвалидска количка кое морало да се тргне за да „отвори пат“ за џипот:





