Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин Нокс, директор за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.
-Политичките и економските односи меѓу зeмјите од Западен Балкан се во постојан напредок, а Македонија има значајна улога за развојот на таквите односи, истакна вицепремиерот Николоски. Мерките и политиките што ги реализира Владата се во насока на намалување на трговските бариери, зголемување на трговијата и конкурентноста на економиите во земјите од Западен Балкан, додаде тој.
Вицепремиерот Николоски уште еднаш го потенцира стратешкото пријателство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и подршката што и се овозможува на земјата кон нејзиниот развој.
На средбата се разговараше и за зацврстување на економската соработка, можноста за нови инвестиции и соработка на двете земји во сектори од заеднички интерес.
Македонија и Обединетото Кралство негуваат добри пријателски односи, се согласија и двете страни, со заложба таквото партнерство да се зацврстува преку конкретни процеси и проекти.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FNikoloskiA%2Fposts%2Fpfbid0GawHyR13h7iY2BQPxmTAXHzMxDQSASjusqeqremKdHy5rW4YHwfc1poDdSLe1AV3l&show_text=true&width=500





