Германија лани депортирала 1.400 луѓе во Макдонија, над 2.000 доброволно заминале

Германија депортирала 1.396 лица во Македонија во текот на 2024 година, што ја прави земјава втора најчеста дестинација за депортации од Германија во тој период, покажуваат официјалните податоци на германската федерална влада.



Анализата на демографските податоци покажува дека Македонија била главна дестинација за депортирани жени и малолетници.

Во документот се наведени и бројни колективни чартер летови во текот на 2024 година, кои вклучувале депортации во Македонија, често во комбинација со дестинации како Србија или Косово.

Германската федерална полиција регистрирала 2.022 македонски државјани кои доброволно ја напуштиле државата со потврда за граничен премин во 2024 година, што е четврта по националност група за ваков вид на заминување.