Гаши: Локалните ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

Ова го соопшти денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши.



За активностите на Собранието во следниот период, посочи дека е предвидено да се одржи и јавна расправа околу измените на Законот за локална самоуправа што веќе некое време се најавуват од Министерстовото за локална самоуправа.

Претседателот на Собранието рече и дека се очекува на следната пленарна седница кој треба да се одржи на 29 април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

Додаде дека во моментот тече рокот според Деловникот, кога министерот може да даде писмен одговор по интерпелацијата. Потоа, рече дека може да се очекува да се закаже пленарната седница, а прва точна на дневниот ред ќе биде интерпелацијата.