Манасиевски, ВМРО ДПМНЕ: СДС и Битиќи да кажат дали му се украдени документи со највисоки државни тајни, со кои е загрозена Македонија?!

„Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класификувани документи. Ги повикуваме Фатмир Битиќи и СДС да одговорат: какви класификувани информации му се украдени и како се нашле во негов посед? Дали станува збор за највисоки државни тајни и како и зошто ги чувал во својот дом? Дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија? ВМРО ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да поведе постапка против Битиќи.“ – изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Натаму Манасиевски посочи: Државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класификувани документи од институциите, во кои се наоѓаат и каде што се заштитени. СДС треба да да одговори: каже дали е партиска пракса и насока на дејствување изнесувањето класификувани информации од институциите, со коиуправувале ?

Мора веднаш и СДС и Фатмир Битиќи да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните: дали Македонија е загрозена со кражбата на документи, кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед?

Го повикуваме Јавното обвинителство да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има.