Русија ја нападна Украина со ракети и беспилотни летала. а Киев и Харков се главните цели, соопшти Би-Би-Си.
Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 60 се повредени, меѓу кои и деца, во напад на руски проектили и беспилотни летала врз главниот град на Украина Киев во текот на ноќта, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека падот на остатоците од дрон предизвикал голем број пожари, а постојат стравувања дека голем број луѓе може да останат заробени под урнатините на уништената станбена зграда.
Експлозии беа пријавени и во североисточниот град Харков, кој исто така беше нападнат. Најмалку две лица се повредени, рече градоначалникот.
Ова доаѓа само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека им штети на мировните преговори, откако украинскиот претседател ја отфрли можноста да ја признае руската контрола врз Крим.
Службата за итни случаи на „Телеграм“ објави дека потрагата по луѓе под урнатините продолжува.
„Најмногу настрада Киев: спасувачите работеа на 13 места. Се уште ги расчистуваат урнатините … Вклучени се инженерски сили, алпинисти на Државната служба за итни случаи и кучиња трагачи“, рече министерот.
„Од урнатините се слушаат телефонски повици – потрагата ќе продолжи додека не се уверат дека ги примиле сите. Има информации за две деца кои се уште не можат да бидат пронејдени на местото на инцидентот“, додаде тој.
Бројот на проектили не е познат, но според последните податоци тие полетале на север низ регионот Кировоград.
Истовремено, градот Харков продолжува да биде напаѓан од „шахеди“. Локалните власти известуваат за неколку дронови од новиот бран над градот и експлозии.
Според украинските извори по Киев и Харков, Русија истрелала проектили врз областите на градовите Днипро и Павлоград.






