Извозот од слободните економски зони поголем за 13 отсто

Во првите три месеца од оваа година од слободните економски зони во Македонија се извезени стоки во вредност од над 552 милиони евра, што претставува зголемување од 13 отсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ).



Тоа се должи на зголемувањето на странските директни инвестиции, кои целосно ја променија структурата на македонскиот извоз, зголемувајќи ја додадената вредност, објаснуваат од ТИРЗ.

Македонскиот извоз ги надмина сите очекувања во овој период, потврди и гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, според кој, ова може да игра важна улога во економскиот раст оваа година.

Владата неодамна објави дека потпишала договори со девет странски инвеститори во вредност од околу 38 милиони евра за изградба на капацитети во слободните економски зони, кои треба да отворат работни места за повеќе од 2.100 луѓе.