Денес пленарна седница на Собранието на Македонија за пратенички прашања до премиерот Мицкоски и владините министри

Собранието на Република Македонија ќе ја одржи денес својата 45-та седница. На дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.

Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања и таа трае два часа. Пратениците од опозицијата први поставуваат прашања до премиерот Христијан Мицкоски и владините министри.