Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјалната мрежа „Truth“ за контроверзната изјава, според него, на украинскиот претседател Володимир Зеленски од насловната страница на „Вол стрит џурнал“ дека „Украина никогаш нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Тука нема за што да се разговара“.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски се пофали на насловната страница на ‘Вол стрит џурнал’: ‘Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Тука нема што да се разговара’. Оваа изјава сериозно им штети на мировните преговори со Русија, бидејќи Крим беше изгубен пред многу години, кога Барак Хусеин Обама беше претседател на САД, а денес не е ни предмет на дискусија. Никој не бара од Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако го сака назад – зошто не го бранеа пред единаесет години, кога ѝ беше предаден на Русија без испукан истрел? Имаше големи руски бази на подморници во таа област со години пред ‘предавањето на Обама’. Токму запалливите изјави како неговите го отежнуваат постигнувањето договор за ставање крај на оваа војна“, напиша Трамп.






