„Дај Боже тој да има информација дека за две недели би завршиле. Јас тоа го посакува, но верувам дека не е можно затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи . Знам отприлика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме“ изјави денеска, како што пренесува МИА, премиерот Зоран Заев коментирајќи го оптимизмот на еврокомесарот Јоханес Хан во настапот пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент
„Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија затоа што сме сигурни дека ако имаме решение, дотогаш, покрај тоа што го заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гараанциидека ќе добиеме датум за преговори“.
Заев рече дека би сакал тоа да се случи до Самитот на НАТО, но дека може и потоа бидејќи поканата за членство е автоматска, штом се реши спорот околу името на нашата земја.




