„Европскиот фронт оди кон растурање. Така барем оставаат да се разбере експонентите од овој фронт, но и нивните политички противници, кои тврдат дека потезите, што се очекуваат од коалицијата, предводена од Али Ахмети, ќе ја натераат мултиетничката политичка групација да ја изгуби причината за постоењето.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Европскиот фронт кон растурање, може ли да ги преживее новите престрелки во коалицијата?!“.
Натаму телевизијата истакнува:Првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека Ахмети ги изневерил членовите на фронтот, соработувајќи со Арбен Таравари, идеолошкиот и принципиелен противник на Зијадин Села. Ова, според него, ќе има политички последици за Европскиот фронт. „Има само изјави дека Европскиот фронт повеќе не постои и тоа го изјави Таравари. Однадвор тој ги знае работите подобро отколку внатре. Ахмети ги прекрши правилата овде, соработувајќи со дел од коалицијата Вреди, односно со Таравари.“ – изјави Изет Меџити, вицепремиери и лидер на Демократското движење, во рамки на Вреди.
Укажувања за можно повлекување од Европскиот фронт се појавија и од Демократската партија на Турците во Македонија. Нивниот пратеник Бејџан Илиас вели дека во моментов нема преговори, ниту планови да го напуштат Европскиот фронт. Претходно Мендух Тачи со ДПА и Сојузот на Ромите со нејзиниот кандидат за пратеник Фатма Османовска излегоа од Европскиот фронт. Во оваа политичка групација остануваат ДУИ, Алијансата за Албанците на Зијадин Села, Скендер Реџепи со партијата Народ, Аријан Хоџа со Европската демократска партија и Сали Мурат со Движењето за правда и демократија на Турците од Македонија






