Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата.
Граѓани со лажни дијагнози аплицирале, добивале и користеле финансиска помош за туѓа нега на лице и незаконско стекнувале и користеле на инвалидски пензии, дознава Канал 5
Извори на телевизијата информираат дека се работи за мрежа составена од преку 50 лица – доктори, член на комисија во пиом, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро, претреси се прават и во здравствени ординации,адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.
„Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.
Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, велат од ОЈО ГОКК.





