Германија „поплавена“ од кокаин

Огромно и нагло зголемување на понудата на дрога, а особено кокаин, се забележува низ цела Германија. Ова го соопшти шефот на германската федерална канцеларија за криминалистичка полиција, Холгер Минх.



Во интервју за медиумската група за истражување и развој RND, Минк објаснува дека заситеноста на северноамериканскиот нарко пазар доведе до пренасочување на кокаинот кон пазарите во Европа.

Така, континентот станува се поголем центар за дистрибуција на кокаин.

Шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција предупредува дека Германија е „преплавена со кокаин“ и дека дрогата брзо се шири низ земјата.

Проблем има и со дистрибуцијата на хероин. Минк објаснува дека поради забраната на Талибанците за одгледување афион во Авганистан, тоа доведува до намалување на понудата, но и до поголем ризик дрогата да се меша со синтетички опиоиди.
Ова енормно ги зголемува ризиците од сериозни последици, па дури и фатален исход.

Статистиката за криминал во Германија за 2024 година покажува дека криминалите поврзани со хероин се намалени.

Но, бројот на кривични дела поврзани со кокаин е зголемен за близу 5%, а уште поостар пораст е забележан кај употребата на ЛСД – за 32,6%. Кривичните дела поврзани со новонастанатите синтетички дроги се зголемени за 41,6%.

Во јуни 2024 година, во Германија, кокаин вреден 2,6 милијарди евра беше запленет од неколку бродови натоварени со овошје и зеленчук.

Тогаш германските власти објавија дека бизнисмен од западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија создал 100 фиктивни компании за да направи пратките да изгледаат легални.