Вистинско чудо се случило во пресрет на Велигден во Патра (Грција), кога лекарка преживеала удар од воз додека се враќала од работа. Лекарката Виви Лукопулу враќала дома од 36-часовна смена во болницата Сент Андреј и со својот автомобил излетала на шините, иако рампата била спуштена. Во тој момент воз со голема брзина се приближувал, а лекарката се обидела да згази на гас, но не можела да го избегне ударот.
Видеото, снимено од безбедносните камери, го покажува моментот на страшниот удар и како автомобилот одлетува. Во судирот возилото било целосно уништено, а повредената лекарка ја извлекле пожарникарите.
Лекарката, според грчките медиуми, има повреди на градниот кош, слезината и клучната коска, но не е во животна опасност. Таа за медиумите изјавила дека не се сеќава на тоа што се случило.
- Не се сеќавам на ништо… Навистина. Добро сум и им благодарам на сите за поддршката и љубовта, но најмногу им благодарам на колегите кои дојдоа и се грижеа за мене – изјавила таа.
Сопругот на Виви, Јоргос, е убеден дека неговата сакана ја спасил светец.
- Се враќаше од смена, исцрпена… Имаше неколку тешки случаи, дали се замислуваше како размислува за пациентите, а во еден момент ослепе од се. Светецот ја штити… Возот забави малку 50 метри порано, тоа ја спаси – изјавил нејзиниот сопруг Јоргос.
Тој сепак вели дека е огромен проблем што заштитната рампа не ја штити целата должина на пругата, туку само едната страна од коловозот.
- Зошто сè не е затворено, ги прашав надлежните… – вели тој.






