Видео: Велигденска честитка од женскиот хор Фрида

Речиси педесет скопјанки здружени под името „Фрида“ кои се дел од женскиот аматерски хор, уште еднаш никого не оставија рамнодушен со последната изведба за најголемиот христијански празник Велигден. Повеќето членки имаат над 40 години, а во распеаната женска дружина има и пензионерки. Немаат баш сите искуство со пеење, но баш сите сакаат да пеат и да се дружат. Вежбаат во просториите на „Матично”, под диригентскиот палка на Сузана Турунџиева.



Нивната последна изведба може да ја слушнете на следниот линк:

https://www.instagram.com/reel/DIqe0rksNz-/?igsh=OW82c2t2cTBkZzk4