Возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во 02:04 часот во Македонски Брод привел 25 годишен возач поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“.



Претходно, во 01:30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски таблички удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски таблички, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил материјална штета, а повредени лица нема.

„По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР, пренесе Сител