Македонија го дели првото место со Унгарија во опкружувањето според релативната вредност на пензиите, односно според уделот на просечната пензија во просечната плата од околу 62 проценти.
Во Словенија пензиите изнесуваат 60,2 отсто од платите, во Црна Гора 56,2 отсто, во Србија 49,8 отсто, во Косово 47 отсто, во Босна и Херцеговина 43,4 отсто, а во Хрватска само 37,46 отсто.
Според Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), просечната исплатена пензија во Македонија за март изнесуваше 14.186 денари.
Според Државен завод за статистика, пак, просечната исплатена нето-плата за февруари беше 23.158 денари.




