Уништени близу два тона отровна храна која влегла во Македонија за празниците

Ем го продаваат скапо, ем сакаат да ќарат на грбот на граѓаните со небезбедна храна. Кој увезувал отровна храна во Македонија? Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спроведоа 617 вонредни контроли кај операторите со храна, соопштија од АХВ.



Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале  санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај 8, биле пронајдени несоодветно означени производи“, се наведува во соопштението.

Инспекторите изрекоа 30 парични казни во износ од 25.400 евра и издале 44 решенија за отстранување на недоследностите.

Нештетно се уништени 1.740 килограми небезбедна храна.