И денеска топло – до 27 степени

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и умерено облачно. Попладне во западните и источните делови од земјава ќе има нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.



Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, додека максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично со сонце и умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 Целзиусови степени.