Во судар на „тојота“ и воз нема повредени

Министертвото за внатрешни работи (МВР)  соопшти детали за сообраќајната незгода што вчера се случи меѓу воз и автомобил на железничкиот премин кај скопско Зелениково.



Оттаму информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје биол пријавен во 18:10 часот и дека полициските екипи веднаш се упатиле на местото на настанот.

„Незгодата се случи кај селото Зелениково меѓу патничко возило ‘тојота‘ и воз. Возилото е управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возачот на возот е С.М.“,
се вели во соопштението од МВР.

Во незгодата, како што велат од полицијата, нема повредени лица.