Двата главни предуслови за влез во ЕУ, владеење на правото и пазарна економија ќе бидат се потешки за исполнување, смета во својата анализа Европската опсерваторија за криминал и безбедност (ЕУ-ОЦС).
Оваа европска организација смета дека Македонија и Албанија можат да влезат во ЕУ најдоцна до 2035 година а Косово и Босна уште подоцна. Терминот даден од шефот на ЕК Јункер за Србија и Црна Гора не е сигурен се вели во анализата.
И покрај тоа што ЕК се обидува да го забрза процесот и сака стратешки да инвестира во европската иднина на регионот патот сеуште е долг. Пред се поради корупцијата и организираниот криминал, непочитување на фундаменталните права и слобода на изразувањето.
“Кредибилен проспект за проширување бара постојани напори и неповратни реформи”, се вели во извештајот на ЕУ-ОЦС во кој се цитира делот од извештајот на ЕК за земјите од регионот.




