Денес поставени „основите на структурирана политичка соработка“ на коалицијата Вреди како една партија со заедничко 23-члено Претседателство

„Коалицијата Вреди одржа заедничка седница денеска во Струга, на која беа поставени основите на структурирана политичка соработка за иднината. На средбата беше донесена одлука за формирање на заедничко Претседателство со 23 члена – важен чекор кон зајакнување на единството и политичкото организирање на коалицијата.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ во својата информација со наслов „Вреди кон единствена политичка партија“.

Натаму порталот пишува: „Ова е почеток на еден долг пат. Претстои многу работа, важни одлуки, а пред се – голема одговорност кон граѓаните.“

„Целта на коалицијата Вреди останува јасна: да им понуди на Струга и на целата држава достоинствено претставување и градење иднина со визија и доверба.“