Димитар Апасиев, член на Президиумот на партијата Левица, ја коментира разликата во плати меѓу функционерите, професорите и докторите по информацијата дека директорот на скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ, си ја покачил платата за над 70 проценти и таа сега изнесува 104.241 денари.
„ДИРЕКТОР со средно (стаен од партија) = 1.700 ЕУР плата.
Универзитетски ПРОФЕСОР = 600 ЕУР плата.
ЛЕКАР специјалист (со докторат) = 500 ЕУР плата.
И после Владава се прашуе: „Абе оти ни бегаат младиве“!?
#ОбјавујтеКонкурсиБеХохштаплери
#НајдобритеИзбегааРадиВаквиПолитики“,
напиша професорот на Правен факултет на Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип на својот профил на „Фејсбук’.





