„Велигден е најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот. Учениците од III-3 одделение од ОУ ’Блаже Конески’ од Прилеп под менторство на наставничката Весна Арсиќ ви го честитаат најубавиот и најсреќниот христијански празник, празникот на љубовта и мирот. Ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж.“ – објави локалниот информативен портал „Маркукуле“ од Прилеп.
Натаму порталот пишува: Честитката е и порака дека Воскресението му дава на животот смисла, насока и можност за нов почеток, без разлика на околностите. Радоста на воскресението нека нѐ издигне од осаменоста, слабоста и очајот кон силата, убавината и среќата.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
ЗА МНОГУ ГОДИНИ, ХРИСТИЈАНИ!
Видео: изведба на „Славете го Бога“ на учениците од III-3 одделение од ОУ „Блаже Конески“ од Прилеп заедно со црковниот хор “Св. Петка”:





