Загина 19-годишно момче во сообраќајна несреќа

Момче од село Миравци, на 19-годишна возраст, загина утрово околу 04 часот кога со автомобил „бмв“, со кој управувал, излетал од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи на Струмица.



Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.