Тошковски: Неприлагодена брзина, причина за сообраќајката во која загинаа 3 лица

 

Според првичните информации,  причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени е неприлагодената брзина на патот изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски..



„Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат“, изјави Тошковски.

Сообраќајната несреќа се случи вчера меѓу Кичево и селото Трапчин дол, а според првичните информации што ги даде портпаролот на СВР Охрид за ТВ21, во несреќата учествувале три возила.

„Во иднина максимално мора да се фокусираме кон поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот „Безбеден град“ на цела територија на државата“, рече Тошковски.

Голема трагедија вечерва во Македонија, три лица загинале, осум се повредени