Конго: Во пожар на брод 148 загинати, стотина исчезнати

Бројот на загинати во бродската несреќа во ДР Конго се искачи на 148 лица, пренесува Гардијан



Пожарот избувна додека се готвела храна на дрвениот брод со 500 патници

За уште стотина сè уште нема информации.

Во петокот, сенаторот Жан-Пол Бокецу Бофили од провинцијата Екватер рече дека на бродот имало 500 луѓе.

Тој апелираше: „Додека зборуваме, повеќе од 150 преживеани кои имаат изгореници од трет степен се без хуманитарна помош“.

Смртоносните бродски несреќи се чести во оваа централноафриканска земја.

Реките на Конго се основно превозно средство за повеќе од 100 милиони жители, особено во оддалечените области каде инфраструктурата е лоша или непостоечка.