Шпанскиот премиер не сака потпис на ист документ со Хашим Тачи

Шпанија стави вето на предлогот за заедничка декларација која треба да биде објавена за време на самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, пишува „Ел Паис“.



Како што пренесуваат српски медиуми, шпанскиот весник пишува дека причината е што шпанскиот премиер Маројано Рахој сакал неговото име и потпис „да не најде во ист документ, на исто ниво со лидерот на Косово“, чија независност Шпанија не ја признава.

Претходно се споменуваше дека Маријано рахој ќе го бојкотира Самитот бидејќи не сака да се појави на заедничка фотографија со косовскиот претседател. 

Шпанскиот весник тврди дека оваа информација е потврдена од повеќе дипломатски извори, како и дека е веројатно дека премиерот Рахој ќе ја напушти Софија и Самитот пред да почне состанокот на кој ќе присуствуваат и највисоките претставници на Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и на Косово.

Шпанскиот премиер ќе биде присутен само за време на работната вечера со другите водачи на ЕУ закажани за првиот ден од Самитот.

Независноста на Косово не ја признааваат пет членки на ЕУ, но Романија, Грција, Кипар и Словачка изразиле „подготвеност да го прифатат заедничкиот текст на декларацијата ако Шпанија не се побуни“.