Ем немал возачка дозвола ем покажал истечена сообраќајна дозвола за друго возило

По сите сообраќајни случаи кои ја вознемирија јавноста а полицијата ја натераа потемелно да открива и казнува прекршители на законот граѓанин ем возел без дозвола за управување на моторно возило ем покажал од друго возило кое имало истечена сообраќајна дозвола.



Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека СВР Охрид поднесол кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл.