Завчера во Скопје засега непознат возач удрил 50 годишен возач на мопед и избегал од местото на несреќата.
,,На 16.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.30 часот на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(50) од Скопје и патничко возило, по што возилото го напуштило местото. Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, стои во билтенот на МВР.





