Син на заменик-шериф уби двајца и рани 6 лица на универзитет во Флорида

Масовно пукање на државниот универзитет на Флорида во Талахаси однесе животи на најмалку две лица. Повредени се уште шестмина.



Осомничен за пукањето е 20-годишниот Феникс Екнер. Полицијата соопшти дека тој бил застрелан и моментално е во болница, но неговите повреди не се опасни по живот.

Икнер е син на заменик на шерифот на округот Леон, а тој имал достап до оружјето на неговата мајка која работи во истиот оддел повеќе од 18 години.

Во истрагата се вклучени ФБИ и службите за државна безбедност.

Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис изрази поддршка за погодената заедница, а претседателот Доналд Трамп рече дека е „трагично што се случуваат овие настани“ и дека е целосно информиран за ситуацијата.

Ова е последен во серијата вооружени напади врз американските универзитети.

Во 2014 година на истиот универзитет, напаѓач отвори оган во главната библиотека при што беа повредени две студентки и една вработена.