Проверете на интернет каде да пазарувате

Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало – јавно објавување на цените на производите што ги нудат.



Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел како и продавници за градежни материјали ќе мора, најдоцна до 10 часот секој ден да ги ажурираат и да ги објавуваат цените на своите производи на официјалните веб-страници.

Ваквата новина е резултат на измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапуваат во сила од утре

Стопанската комора со прехранбени производи на големо и мало побара од Министерството за економија продолжување на рокот за креирање веб-страници за правните лица кои подлежат на обврската.

Од Здружението на приватни аптеки побараа аптеките да бидат ослободени од објавување цени на интернет. Според нив, обврската е несоодветна затоа што не се обични трговци и ќе создаде дополнителен товар за фармацевтите.