Велики петок – ден кога е распнат Исус

Се верува дека на овој ден, римскиот прокуратор Понтиј Пилат го осудил Исус Христос да биде распнат на крст. На тој ден, Исус бил однесен од куќата на првосвештеникот Кајафа и распнат на Голгота, каде што починал. Додека ги гледаше што прават војниците и луѓето со неговиот живот, тој рече само кратко: „Прости им на Боже, бидејќи не знаат што прават”.



Велики петок затоа се смета за најтажен ден на христијанството. Се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на покривката, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос.

Потоа трипати се обиколува црквата со покривката што го симболизира Исусовото погребување придружено со звуци на тропала. Црвената прекривка на која се извезени слики од Господовото страдање стои пред олтарот и се целива до денот на неговото воскресение.

Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Секој голем Христијанин ќе го почитува овој голем празник со пост и молитва. Се пости, се јаде само сув леб и се пие вода. Во некои краеви има верување дека на овој ден луѓето не јадат коприви и риба.

Според обичајот, велигденските јајца се бојадисуваат во црвена боја што ја симболизира крвта Христова.

Првото обоено јајце се вика чувар на куќата, тоа е обоено во црвена боја и е оставено на посебно место една година, за да се чува куќата.