Откако Арбен Таравари одлучи Алијанса за Албанците на локалните избори да има сопствени советнички листи и инфомрациите дека водел разговори со албанската опозиција, од Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски, велат дека неприфатливо е за нив било кој од владејачката коалиција да соработува со ДУИ.
„Секој еден кој што соработува зад отворени или затворени врати со се уште за жал нефреформираната ДУИ за нас е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествуваме и Ние, но како и да е, времето ќе покаже во предизборниот период се случуваат вакви политички превирања и верувам дека и очекувам дека истите ќе се надминат во рамките на таа коалиција“, изјави Максим Димитревски, Движење ЗНАМ за Сител.
Од ЗНАМ велат дека превирањата во ВРЕДИ не се закана за владејачката коалиција.
„Владата е, била и верувам дека ќе биде стабилна со самиот факт дека во Владата партиципира ЗНАМ и коалициајта на ВМРО-ДПМНЕ самата бројка потврдува дека имаме стабилно мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратеници во коалицијата вреди која ја поддржуваат владата“, вели Димитриевски.






