Владата на премиерот Росен Желјазков денеска ќе се соочи со уште едно гласање за недоверба.
Предлогот е од партијата МЕЧ, со поддршка од „Вазраждане“ и „Величие“ кои собраа 54 гласа, повеќе од потребните 48 за да се изгласа недоверба.
Главниот мотив за гласањето е – корупцијата.
За соборување на владата потребни се 121 глас во бугарското собрание, далеку од 73 на колку сметаат трите партии.
Гласањето е закажано за 14,30 по бугарско време.
Првото гласање за недоверба на Владата поднесено од „Вазраждане“ беше на почетокот на месецот но го поддржаа 54 пратеници, а 150 гласаа „против“.






