Навивачката група „Комити“ избра стих од „Тешкото“ на Блаже Конески за кореографија на хуманитарниот натпревар меѓу најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и некогашниот европски шампион Црвена звезда.
„И зошто ми иде да плачам ко дете, да превијам раце, да прекријам лик“, напишаа вардаровите навивачи на транспарентот што го поставија на својата Западна трибина од Националната арена „Тодор Проески“ на мелчот од кој целиот приход е наменет за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Покрај тоа, „Комити“ со помали транспаренти на различни јазици напишаа „Благодарам“ за помошта што ја доби Македонија за најголемата трагедија во својата современа историја.