„По дојава од наш „свиркач“ во ЈП Улици и патишта, обзнануваме дека тамошниот ДИРЕКТОР, поставен од новата власт на Град Скопје – господинот Сенад Сенко Самаиловиќ си ја покачил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!!0, Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од Премиерот“, пишува во објавата на партијата Левица.
Од таму ги замолуваат сите независни и истражувачки новинари, во име на јавниот интерес, да го испитаат овој случај на уште едно недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, а платени со народни пари.
Истовремено, Левица го повикува градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши овој според нив аздисан директор!
Левица објавува и документ добиен од тн. свиркач, со кој ги потврдуваат своите тврдења.





