Американскиот уште еднаш отворено ги обвини Володимир Зеленски и „корумпираниот Џо Бајден“ за започнување на војната во Украина.
Трамп додаде дека Путин го почитувал за време на неговиот прв мандат.
„Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Само што пристигнав и за време на моите четири години на функција немаше проблем да се спречи.
Трамп вели дека нема никаква врска со војната.
„Да не беа наместени претседателските избори во 2020 година, како што беа, на толку многу начини, таа страшна војна никогаш немаше да се случи.
Претседателот Зеленски и расипаниот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи тоа да започне. Но, тоа е минато. Мораме да го запреме сега“ напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Truth social“
Набргу по објавата, тој (на прес конферемција) повторно јавно ги нападна Зеленски и Бајден, но овој пат го спомна и Путин.
Трамп рече дека не го смета Зеленски за компетентен и тврди дека тој, Џо Бајден и Владимир Путин се одговорни за војната во Украина.
„Ако Бајден беше компетентен и ако Зеленски беше компетентен, а не знам дека беше… Таа војна не требаше да се дозволи“.
„Бајден можеше да ја спречи, и Зеленски можеше да ја спречи. А, Путин никогаш не требаше да ја започне“, додаде тој.
На прашањето за улогата на украинскиот претседател, Трамп додаде:
„Кога започнувате војна, мора да знаете дека можете да ја победите. Не започнувате војна против некој кој е 20 пати посилен од вас. И тогаш се надевате дека некој ќе ви испрати проектили“, изјави Трамп…






