Ердоган ѝ нуди трампа на војници на Грција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека неговата земја би размислила за враќање на двајцата грчки војници, кои беа притворени во Турција на почетокот на март, доколку Грција ги екстрадира осумтемина турски војници кои побараа азил во Грција по обидот за државен удар во јули 2016 година, објави АФП.



Ова е прв пат Ердоган директно да ги поврзе двата случаи, потврдувајќи ги стравувањата дека тие би можеле да се користат како „чипови“ за преговарање.

„Тие (Грција) бараат да ги вратиме грчките војници и им рековме„ако направите такво барање, прво треба да ни ги дадете војници на ФЕТО кои беа вклучени во државен удар против нашата држава“”, наводно екол Ердоган во интервју во живо Телевизија НТВ, пренесува АФП.

Ако ни ги предадете ќе ја разгледаме ситуацијата на грчките војници, рекол Ердоган.

ФЕТО се нарекува движењето предводено од муслиманскиот свештеник од САД, Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвини дека е зад неуспешниот обид за државен удар пред две години.