Етничката математика на ДУИ и обвинувањата дека оваа партија и генерално албанската заедница во Македонија е предмет на наводен реваншизам во истрагата се уништени од бројот на осомничени Албанци за трагедијата во Кочани.
ДУИ упорно се обидува да докаже дека апсењето и прогонот на високи функционери на оваа партија е обид на владата на Мицкоски преку Кочани да се пресметува со Албанците но реалноста која ја покажуваат бројките на осомничените покажува нешто сосема друго.
Од неофицијално вкупно 52 лица кои на различни начини се истражуваат или се обезбедуваат во истрагата за Кочани само околу 20 проценти се Албанци.
Тоа е далеку помал процент од бројноста на Албанците во Македонија согласно пописите односно покажува дека процентуално во истрагата се прогонуваат помалку Албанци од нивниот процент во државата.
Ова е особено важно ако се знае дека функцинери на ДУИ, Албанци, со години беа министри за економија или функцинери во институции каде се издавале лиценци или други видови документи поврзани со дискотеките како таа во Кочани.
Во ДУИ неофицијално признаваат дека процентот на истражувани Албанци е помал од бројот на Албанците во Македонија но тврдат дека истражуваните партиски функционери се невини иако биле на функции кои се поврзани со издавање на лиценци за објекти како дискотеката Пулс во Кочани.
Од вчера обезбедените 19 луѓе за истрагата во врска со трагедијата во Кочани само пет се Албанци од кои тројца се екс министри за економија кои имале директна врска со издавањето на лиценци но имале и функција на мониторинг и контрола на системот за издавање на дозволи во овој ресор.
Според партиски извори во ДУИ од 52 осомничени за Кочани 11 луѓе се Албанци односно нешто над 21 процент.
Од обвинителството на ова тема неофицијално велат дека воопшто не размислуваат од која националност се осомничените ниту дали се од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ или Влен.
Од ДУИ признаваат дека некои од осомничените Албанци веќе не се со оваа партија туку дека станале блиски со некоја од групите во коалицијата ВЛЕН но дека сепак нападот од власта е врз функционерите на ДУИ.
Досега ДУИ не даде ниту еден аргумент на што го базира своето тврдење дека истрагите за нивни високи екс функцинери се прогон на етничка основа.
Дополнително понижување на тезите на ДУИ за етнички реваншизам дава и фактот што налозите за апсење, приведување, обезбедување на сите осомничени ги дава Јавното обвинителство каде што ДУИ во текот на над две децении владеење инсталираше свој кадри за кои нема дилема дека биле партиски послушници.
ДУИ меѓу другото гласаше за актуелниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски кој има целосна контрола на истрагата за Кочани.
Ниту еден обвинител Албанец досега не реагираше дека се врши етничка истрага за Кочани иако меѓу луѓето на ДУИ во обвинителството има и екс министри на оваа партија.






