Над 30 луѓе загинаа во денешниот руски ракетен напад врз северниот украински град Суми, изјави вршителот на должноста градоначалник Артем Кобзар, пренесе Ројтерс.
„Русите го погодија градот Суми со проектили, убивајќи цивили“, рече Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател во објавата на X.
Андриј Коваленко, официјален претставник за безбедност кој раководи со Украинскиот центар за борба против дезинформации, истакна дека нападот дојде по посетата на американскиот претставник Стив Виткоф на Москва.
Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, во петокот во Санкт Петербург разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за потрагата по мировен договор за Украина.
Руското Министерство за одбрана вчера извести дека Украина извршила пет напади врз руската енергетска инфраструктура во текот на изминатиот ден, што го прекршила мораториумот на таквите напади со посредство на САД.
Минатиот месец, Киев и Москва меѓусебно се согласија да ги прекинат нападите на едни со други енергетски капацитети. Сепак, двете страни постојано се обвинуваа меѓусебно за кршење на мораториумот.






