Обид за државен удар во Саудиска Aрабија!? (ВИДЕО)

На социјалните мрежи вечерва се споделуваат видео снимки на кои, наводно , се гледа размена на силен оган и пукотници во близина на кралската палата во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.




Непотврдени извештаи говорат за  обид за државен удар во оваа заливска земја.

Кралот Салман, наводно, бил евакуиран во безбеден бункер, во близина на воздухопловна база.

Саудискиот печат соопшти дека причина за пукањето бил мал неовластен дрон кој летал во близина на кралската палата, а безбедносниот персонал се справил со тоа “според нивните упатства”.

Ова беше објавен откако голем број видеа, наводно снимени во центарот на Ријад, се појавија на интернет.