„Постигнат е договор за продолжување на преговорите – ова е исходот од средбата меѓу лидерите на Вреди Изет Меџити, Билал Касами, Зеќирија Ибраими и Арбен Таравари. За разлика од претходната средба, овој пат Таравари беше присутен на состанокот.“ – објави ТВ Алсат. Информативниот портал „Алмакос“ ја пренесе и изјавата на лидерот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој во одговор на новинарско прашање истакна дека „не се сретнал, ниту ќе се сретне со лидерот на Али Ахмети“.
ТВ Алсат во својата информација натаму истакнува: И покрај бројните изјави во последниве денови, вклучувајќи ги и можностите за разговори со ДУИ, па дури и излегување самостојно, Таравари негирал дека ги напуштил другите лидери на Вреди, кои му поставија ултиматум да одлучи. Овие разлики се надминати, дури разговорите преминале и во втора фаза – на работните групи, кои за два до три дена треба да ги изготват сите комбинации, за општините и листите на кандидати за советници во рамки на заеднички настап на локалните избори. Таравари денеска изјави дека се преговара. „Преговараме, се договараме и ќе се огласиме во јавноста, за да ги кажеме сите ставови“ – напомна Таравари.
Останува да се види дали Арбен Таравари ќе го почитува договорот. Тој побара дополнително време за консултации со членството за идните активности, како што одлучи централното Собрание на АА, кое го овласти тесното претседателство да одлучува за иднината на Алијансата, што тој ја води.
Во Вреди вредел принципот дека субјектите, кои учествуваат во коалицијат,а ја делат централната власт. Но иако кандидатурата за локална самоуправа требаше да се направи врз основа на реципроцитет, без да си ја мерат силата кај гласачкото тело, во стил глас повеќе или помалку, на Таравари му беа понудени 35 проценти од кандидатите за градоначалници и општински советници. На Таравари му е понудено да предложи кандидат во Гостивар, Струга и Врапчиште и да избере дали ќе предложи кандидат во Липково, Арачиново или Студеничани. Тој треба да избере и дали во Брвеница или во Чашка ќе предложи кандидат за градоначалник.. Демократското движење, Алтернатива и БЕСА ќе имаат по тројца кандидати кои имаат добивни општини. Ваквиот заклучок од средбата доаѓа откако лидерите на ВЛЕН побараа Таравари во рок од една недела да се изјасни дека ги прекинува каналите за комуникација со Али Ахмети и со тоа повторно да го отвори патот за продолжување на коалицијата ВЛЕН.
„Сакаме да ја имаме Алијансата за Албанците како дел од Вреди, но ја Алијансата, која да ја има ДУИ како опција. За една, најмногу до две седмици, ќе биде разјаснета оваа работа, бидејќи нема смисла да ја заморуваме јавноста сега дали сме, или не сме Вреди.“ – посочи лидерот на Демократското движење Изет Меџити.
Несогласувањата започнаа откако во јавноста се појавија информации дека Таравари преговара со ДУИ, додека тој самиот призна дека околу 40 минути комуницирал со шефот на интегративците Али Ахмети и по неговите изјави во медиумите дека 70 отсто од Албанците се незадоволни од владеењето на Вреди.






