На денешната церемонија по повод започнувањето со работа системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце присуствуваа премиерите на Макдонија и Косово, Христијан Мицкоски иАлбин Курти, придружувани од министри на двете влади.
Премиерот Мицкоски, рече дека овој граничен премин, кој до неодамна се гледаше како пречка, сега ќе овозможи олеснувачка и посилна соработка меѓу двете земји.
„Правилна одлука за олеснување на движењето на нашите граѓани меѓу двете земји, олеснување за економијата на двете земји. Сега имаме точка за застанување, контролен пункт, како доказ дека границата не треба да биде ѕид, туку треба да биде мост на соработка меѓу земјите.






