Бугарски аналитичар: За 5-6 години Македонија ќе ја престигне Србија кон ЕУ

Според Љупчо Нешков, извршен директор на бугарската информативна агенција БГНЕС, Македонија и Бугарија го менуваат Балканот, а на западниот сосед му прогнозира дека за релативно кратко време ќе стане лидер меѓу аспирантите за пристапување кон Европска унија.



„Во рок од пет-шест години речиси сум убеден дека Македонија ќе ги надмине другите земји што веќе започнаа преговори за членство, мислам на Србија, бидејќи Македонија нема такви сериозни проблеми. Посебно таму каде што има спорови, таа сака со страшна брзина да ги реши. Во врска со ова мислам дека Бугарија игра клучна улога во тој процес“, изјави Нешков за Блумберг ТВ Бугарија.