За послушните, Трамп може да ја продолжи царинската „пауза“

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува можноста за продолжување на 90-дневната пауза што ја стави на своите „реципрочни“ тарифи еден ден претходно, пренесуваат медиуми



Ако не може да ги постигне договорите што ги сака со американските трговски партнери, тогаш царините ќе се вратат на повисоките нивоа откако ќе истече паузата.

„Тоа ќе се случи. Само треба да биде добро за двете страни“, објасни американскиот лидер.

Но, на прашањето дали тоа значи дека нема да ја продолжи паузата, Трамп рече: „Ќе треба да видиме што ќе се случи“.

Како гест на добра волја, ЕУ ги суспендира контрамерките против американските царини

Европската унија (ЕУ) ќе ги суспендира првите контрамерки против царините на Трамп на 90 дена, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.