По 18 години чекање, фудбалерите на Вардар се пред ново финале во Купот на Македонија по триумфот од 3:0 над Брера во првиот полуфинален натпревар одигран на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Најтрофејниот учесник во ова натпреварување со пет пехари, последниот освоен во 2007 година, поведе преку Сенегалецот Фаустин Сенгхор во 26. минута, зголеми Хрватот Мислав Матиќ во првата минута од судиското продолжение, а резултатот го заокружи босанскиот напаѓач Горан Закариќ во 56. минута.
Возвратниот дуел е на 23 април од 16 часот во Струмица, термин во кој Струга на свој терен ќе ја брани победата од 2:1 над Шкендија во Тетово.
Флорент Рамадани го доведе во водство домаќинот во 36. минута, израмни Нигериецот Хоган Укпа во 53. минута, а целосен пресврт на стружани им донесе Марјан Радески осум минути пред крајот.






